„Кралевите“ го декласираа Леганес

Реал Мадрид стигна до третата победа во Ла Лига, совладувајќи го Леганес на „Сантијаго Бернабеу“ со 4-1. „Кралевите“ беа надмоќни и релативно лесно стигнаа до триумф.

Првиот гол беше дело на Герет Бејл, но Леганес успеа на одмор да замине без негатива. Беше досуден пенал за гостите, а успешен реализатор беше Гвидо Карилјо во 24.минута од средбата.

Сепак, во второто полувреме Леганес се соочи со силата на Реал Мадрид. Карим Бензема со два гола го реши дуелот, стрелајќи во 50. и во 61.минута, и сега има постигнато голови против сите 33 тима против кои играл во Шпанија. До крајот, капитенот Серхио Рамос погоди од пенал, за конечни 4-1 во корист на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...