„Кралевите“ го добија „евролигашкиот класик“ против Панатинаикос, Ефес се уште не може да победи

Реал Мадрид со убедливи 88-65 славеше над Панатинаикос во „евролигашкиот класик“ како дел од 4. коло сезонава. Клучната разлика „кралевите“ ја направија во првиот период кој го добија со 30-17. До крајот го контролираа мечот и стигнаа до триумф од 88-65.

Залудни беа 18 поени на Мејкон кај поразените кој беше најефикасен на мечот, додека кај победникот Таварес заврши со еден помалку.

Актуелниот европски шампион Анадолу Ефес и по четири кола останува без победа откако загуби на гостувањето кај Милано со 75-71. Грчки Олимпијакос без проблеми славеше на домашен терен против Жалгирис Каунас со убедливи 83-68.

 

 

Се вчитува...