„Кралевите“ го купуваат Алекс Телјес од Порто?

Европскиот првак Реал Мадрид е заинтересиран за бразилскиот интернационалец Алекс Телјес од редовите на Порто, открива португалскиот весник „Рекорд“. 25-годишниот лев бек треба да биде наследник на сонародникот Марсело, кој повеќе од една деценија е во„кралскиот тим“, а има најави дека би можел да се пресели во Јувентус.

Телјес во 2014 година од Гремио пристигна во Европа во дресот на турскиот Галатасарај, играше како позајмен играч и во Интер, а од 2016 година е член на Порто. Токму Хулен Лопетеги го доведе Телјес во португалскиот клуб, иако потоа ја прифати понудата да биде селектор на Шпанија. Сега отвора ново поглавје во својата кариера како шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид и го посакува Бразилецот и на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...