„Кралевите“ го освоија Милано, Ливерпул шокиран од Аталанта на Енфилд (ВИДЕО)

Во сигурно најзначајниот натпревар во групната фаза од Лигата на шампионите, Реал Мадрид славеше на гостувањето против Интер со 0-2 во Милано, по што се враќа во игра со сега веќе реални шанси за пласман во елиминациската фаза од најквалитетното европско клупско натпреварување.

Еден Азар уште во 7. минута од пенал донесе водство за „кралевите“, а потоа Родриго во 59. минута ги постави конечните 0-2.

 

Ливерпул доживеа шок од Аталанта на домашен терен. Италијанскиот тим славеше со 0-2 на „Енфилд роуд“ со головите на Иличиќ во 60. минита и Госенс во 64. минута.

Liverpool 0 – [1] Atalanta – Josip Ilicic 60′ from r/soccer

Liverpool 0 – [2] Atalanta – Robin Gosens 64′ from r/soccer

Баерн Минхен е веќе патник во елиминациската фаза од ЛШ откако со 3-1 славеше против Салцбург.

ЛИГА ШАМПИОНИ – 4. КОЛО

ГРУПА А

Баерн Минхен – Салцбург 3-1

Атлетико М. – Локомотива М. 0-0

ГРУПА Б

Интер – Реал Мадрид 0-2

Менхенгладбах – Шахтјор 4-0

ГРУПА Ц

Олимпик Марсеј – Порто 0-2

Олимпијакос – Манчестер сити 0-1

ГРУПА Д

Ливерпул – Аталанта 0-2

Ајакс – Митјиланд 3-1

Се вчитува...