„Кралевите“ го освоија Минхен: Со серија од 0-8 во последните две минути Реал до триумф над Баерн

Кошаркарите на Реал Мадрид успеаја да дојдат до шестата победа во Евролигата сезонава за пробив на делба на втората позиција на табелата, славејќи на гостински терен против Баерн во Минхен со 76-80.

„Кралевите“ до триумфот дојдоа со извонредна серија од 0-8 во последните две минути ос средбата. Баерн на две минути пред крајот имаше предност од 76-72, но потоа се беше во знакот на Реал Мадрид. Во последните 25 секунди од средбата во кои се влезе израмнето со 76-76. Но, со четири слободни фрлања во финишот, најпрво на Гершон а потоа и на Серхио Љуљ на шест секунди пред крајот за конечни 76-80.

Гершон со 21 поен го предводеше Реал до триумфот, а Серхио Љуљ заврши со 10 постигнати поени.

Се вчитува...