„Кралевите“ го освоија Рим, Баерн се „распука“ против Бенфика, Јуве ја реши и Валенсија

Реал Мадрид со 0-2 триумфираше на гостувањето против Рома во Рим во 5. коло од Групата Г во Лигата на шампионите. „Кралевите“ на крајот ќе завршат на првото место во групата но сосема е јасно дека и двата тима обезбедуваат осминафинале во најквалитетното европско клупско натпреварување.

„Кралевите“ до триумфот стигнаа благодарение на погодоците на Бејл во 47. минута и Лукас во 59. минута од средбата…


Интерниот хаос во редовите на Баерн Минхен се чини ќе биде барем малку смирен по убедливата победа од 5-1 против Бенфика со која Баварците и дефинитивно си обезбедија пролет во Лигата на шампионите. Робен со два гола и Левандовски донесоа убедливи 3-0 за Баерн уште на полувремето, а во вториот дел за германскиот шампион стрелаа, повторно Левандовски и Рибери.

Манчестер сити си е сигурен патник во осминафиналето од Групата Ф и покрај ремито на гостувањето против Лион во Франција.

„Граѓаните“ се спасуваа од пораз во два наврати. Корнет го донесе најпрво Лион до водство во 55. минута, а израмни Лапорте во 63. минута. Корнет повторно стрелаше за Лион за водство од 2-1 во 81. минута, но Агуеро во 83. минута ги постави конечните 2-2.

Јувентус минимално со 1-0 славеше против Валенсија во Групата Х. Марио Манџукиќ на асистенција на Кристијано Роналдо во 59. минута погоди за три бода на Јуве.

Манчестер јунајтед во самиот финиш дојде до триумфот против Јанг бојс, славејќи минимално со 1-0 со погодокот на Фелаини во 91. минута од натпреварот…

ГРУПА Е

Баерн Минхен – Бенфика 5-1

АЕК – Ајакс 0-2

ГРУПА Ф

Лион – Манчестер сити 2-2

Хофенхајм – Шахтјор 2-3

ГРУПА Г

Рома – Реал Мадрид 0-2

ЦСКА Москва – Плзен 1-2

ГРУПА Х

Јувентус – Валенсија 1-0

Манчестер јунајтед – Јанг бојс 1-0

Се вчитува...