„Кралевите“ го претставија Хесус Валјехо: Дојдов во најдобриот клуб на светот

Европскиот првак Реал Мадрид го претстави своето прво засилување ова лето. Дефанзивецот Хесус Валјехо, кој минатата сезона играше како позајмен играч во Ајнтрахт Франкфурт, сега пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ и треба да ја пополни празнината по заминувањето на Португалецот Пепе во Бешикташ. 20-годишниот одбранбен фудбалер вели дека за него е ова исполнување на сонот.

„Дојдов во најдобриот клуб на светот. Ова е еден од најсреќните денови во мојот живот, благодарам за довербата и се надевам дека ќе ја оправдам во потполност. Можам да кажам дека е мојот сон е сега исполнет, но верувам дека така ќе зборувам и во иднина, со секој освоен трофеј во Реал Мадрид. Ќе имам можност да учам од најдобрите, да собирам искуство и да дадам мој придонес во новите трофеи“, изјави Хесус Валјехо.

Се вчитува...