Реал Мадрид славеше убедлува победа над Лас Палмас на „Сантијаго Бернабеу“, совладувајќи ги гостите со 3-0. Со тоа ја врати негативата во однос на Барселона на осум бода.
Кашемиро во 41.минута го постигна првиот гол за „кралскиот клуб“. Во второто полувреме Марко Асенсио испрати вистински проектил во 56.минута, а Иско беше стрелец на третиот погодок за тимот на Зинедин Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА