„Кралевите“ ќе го понудат Бејл на Челси, за да го добијат Азар

Европскиот клупски првак Реал Мадрид е подготвен да го понуди велшкиот интернационалец Герет Бејл на англискиот премиеригаш Челси, со намера да го добие Белгиецот Еден Азар. Раководството на „кралскиот клуб“ процени дека мора да го освежи тимот со нови имиња, а Азар одамна е желба на мадридскиот гигант.

Белгиецот исто така јавно истакна дека има огромна желба да заигра во Реал Мадрид и сега останува само Герет Бејл да биде убеден да замине на „Стемфорд бриџ“. Засега, Велшанецот не е импресиониран од идејата да се врати во Премиер-лигата.

Се вчитува...