„Кралевите“ лесно со Басконија, Милано триумфално против Валенсија

Реал Мадрид стигна и до дванаесеттата победа во 15. коло од Евролигата, израмнувајќи се по бројот на победи на врвот од табелата со Анадолу Ефес.

„Кралевите“ без поголеми проблеми стигнаа до триумфот од 55-77 на гостувањето против Басконија. Единствено неизвесна беше првата четвртина од мечот, а потоа се беше во знакот на шпанскиот состав кој комплетно доминираше на паркетот.

Џордан со 15 поени и Руди Фернандез со 12 поени го носеа Реал Мадрид до победата. Во домашниот тим Шевон Шилдс постигна 14 поени.

Милано, пак, дојде до триумф против Валенсија од 78-71.

Се вчитува...