„Кралевите“ на колена пред Барса, за израмнување на врвот од Евролигата

Кошаркарите на Барселона ја добија големата дерби-пресметка во 25. коло од Евролигата триумфирајќи на гостувањето против Реал Мадрид со убедливи 68-86.

Победникот на натпреварот се насети уште од самиот старт. Со максимално прецизна игра во нападот каталонскиот тим првата четвртина ја доби со неверојатни 8-28. Па, се понатака беше одржување рутинско за конечна победа.

Најефикасен во победничкиот тим беше Николас Лапровитола со 20 поени, додека кај Реал Мадрид се издвои Волтер Таварес со 25 постигнати поени.

Претходно Панатинаикос славеше на гостувањето против Лион со 63-76.

Се вчитува...