Фудбалерите на Реал Мадрид ќе играат во нов сет дресови на претстојното Светско клупско првенство.
Гостинскиот дрес за сезоната 2025/26 е темно син со сребрени детали инспирирани од изгледот на стадионот на клубот „Сантијаго Бернабеу“.
Реал ќе го претстави овој дрес за прв пат во вториот натпревар од Светското првенство, кога ќе се сретнат со Салцбург. Тој натпревар е закажан за 27. јуни на „Линколн Фајненшл Филд“ во Филаделфија.
„Кралевите“ ќе го играат првиот натпревар на турнирот во среда, против Ал Хилал со почеток во 21 часот, но на тој меч ќе настапат со препознатливите бели дресови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА