„Кралевите“ не дозволија изненадување против Леганес

Реал Мадрид не дозволи изненадување во 35. коло од Примера, запишувајќи ја својата 21-ва победа во шампионатот на Шпанија, овој пат против Леганес на „Сантијаго Бернабеу“.

„Кралевите“ славеа со 2-1 со погодоците на Бејл во 8. минута и Мајорал во 45. минута. Гостите единствено успеаја да го ублажат поразот со голот на Дарко Брашанац во 66. минута…

По овој триумф, Реал е со 71 бод на третата позиција, еден помалку од второпласираниот Атлетико Мадрид.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...