„Кралевите“ останаа без Иско во следните дваесетина дена

Реал Мадрид остана без важна алка во средниот ред откако Иско Аларкон заработи повреда на бутниот мускул на десната нога. Тој се повредил на вчерашниот тренинг и ќе отсуствува околу дваесетина дена. Зинедин Зидан нема да може да смета на Иско на шест натпревари од Ла Лига и се очекува да се врати на дуелот со Алавес на 8 јули.

Иско им се приклучи на Начо, Лукас Васкез, Маријано Дијаз и на Лука Јовиќ кои исто така се надвор од тренажен процес во „кралскиот тим“.

Реал Мадрид вечерва го пречекува тимот на Валенсија како дел од 29.коло во Ла Лига.

Се вчитува...