„Кралевите“ пикираа напаѓач од Бразил

Европскиот клупски првак Реал Мадрид ја промени стратегијата под раководство на новиот тренер Хулен Лопетеги. Тој не сака мегаѕвезди за засилувања во својот тим, туку млади и талентирани фудбалери кои ќе израснат на „Сантијаго Бербнабеу“. Една од неговите желби е младиот бразилски напаѓач Педро Гилјерме. Тој има 21 година и настапува за Флуминенсе, а скаутите на „кралскиот клуб“ го воочија неговиот квалитет.

Реал Мадрид е подготвен во јануари да плати 25 милиони евра за да го доведе Гилјерме во своите редови. Ќе има конкуренција во Милан, Севилја и Рома, кои исто така веќе појавуваат интерес за бразилскиот напаѓаќ. Тој на 23 натпревари има постигнато 12 гола во дресот на Флуминенсе.

Се вчитува...