„Кралевите“ плаќаат 100 милиони евра за Јан Облак

Европскиот првак Реал Мадрид се наоѓа во фаза на реконструкција, откако тренерот Зинедин Зидан си замина по освојувањето на 13.европска титула, а се погласно се најавува дека и Кристијано Роналдо сака да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Но, тоа не го спречува раководството на клубот предводено од претседателот Флорентино Перез да се посвети на новите засилувања.

Реал Мадрид веќе две години е во потрага по нов квалитетен голман, во опција беше Давид Де Хеа, потоа и Тибо Куртоа, па и Кепа Аризабалага, но најверојатно Јан Облак ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето. Одличниот голман на Атлетико Мадрид е во фокусот на „кралевите“, а Перез размислува да ја плати отштетната клаузула од 100 милиони евра и да го доведе на другиот крај од Мадрид.

Облак има актуелен договор со Атлетико Мадрид до 2021 година, но доколку клаузулата биде активирана, тогаш Реал Мадрид има право директно да преговара со голманот и да го ангажира во овој летен преоден рок. За Јан Облак сериозен интерес покажува и англиските премиерлигаши Челси и Ливерпул.

Се вчитува...