„Кралевите“ плаќаат 40 милиони евра за Пјатек

Реал Мадрид сериозно ја разгледува можноста за ангажман на полскиот интернационалец Кжиштоф Пјатек, соиграчот на Горан Пандев од Џенова. Раководството на „кралскиот клуб“ е подготвено да плати 40 милиони евра за да го доведе одличниот млад напаѓач на „Сантијаго Бернабеу“ оваа зима. Во игра е и Милан, но „росонерите“ нудат само шестмесечна позајмица.

Во период кога Сантијаго Солари се соочува со седуммина повредени фудбалери меѓу кои Герет Бејл и Карим Бензема, потребни се повеќе опции во навалната линија. Пјатек постигна 13 гола на натпреварите во Серија А оваа сезона.

Се вчитува...