„Кралевите“ подготвуваат ’луда’ понуда за Еден Азар

Европскиот првак Реал Мадрид се уште не го кажал последниот збор на трансфер пазарот ова лето. Британските медиуми тврдат дека „кралскиот клуб“ подготвува ’луда’ понуда за белгискиот интернационалец Еден Азар. Флорентино Перез е подготвен да плати фантастични 200 милиони фунти за да го доведе Азар на „Сантијаго Бернабеу“.

По Тибо Куртоа, кој направи трансфер од Челси во Реал Мадрид и потпиша шестгодишен договор, Еден Азар е следната мисија на претседателот на „кралевите“. Тој ја стивна и аферата за заминувањето на Лука Модриќ, му понуди двојно поголема плата на Хрватот и веќе е јасно дека ниту тој нема да си замине. Сега може да се фокусира на ангажманот на Еден Азар. Сепак, прашање е дали Челси се согласи на таков развој на настаните, со оглед дека веќе нема право на нови засилувања ова лето. Трансферниот прозорец во Англија се затвори пред почетокот на новото првенство во Премиер – лигата.

 

Се вчитува...