„Кралевите“ подобри од Мајорка, Трајковски остана на клупата

Реал Мадрид очекувано ја совлада Мајорка со 2-0 на домашен терен, ја прокнижи 20. победа во Ла Лига оваа сезона и се врати на врвот на табелата со 68 бода, колку што има и најголемиот ривал Барселона. „Кралевите“ беа подобар противник и заслужено ги освоија трите бода, а македонскиот репрезентативец Александар Трајковски не доби шанса во тимот на Мајорка и мечот го проследи од клупата за резервни фудбалери.

Винисиус Жуниор во 19.минута го доведе Реал Мадрид во водство, откако одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник. Судијата го призна голот иако имаше прекршок од Карвахал на почетокот од акцијата, а моментот беше прегледан и со ВАР-системот. Капитенот Серхио Рамос во 56.минута на фантастичен начин изведе слободен удар и ја затресе мрежата на Мајорка за потврда на триумфот на „кралевите“.

Се вчитува...