„Кралевите“ понудија 110 милиони евра за Дибала

Европскиот првак Реал Мадрид тргнува во офанзива за ангажман на Пауло Дибала. Аргентинскиот интернационалец падна во сенка на Кристијано Роналдо по доаѓањето на португалскиот ас во Торино, а „кралевите“ сакаат тоа да го искористат и да го купат одличниот напаѓач. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, понуди 110 милиони евра за Дибала. Тој треба да биде идеална замена за Герет Бејл, кој многу често е повреден и најверојатно ќе биде продаден по завршувањето на сезоната.

За Дибала постои интерес и од Манчестер сити и од Пари Сен Жермен, но Реал Мадрид сака да го заокружи трансферот во најбрз можен рок, дури и до крајот на зимскиот прозорец.

Се вчитува...