„Кралевите“ се налутија, плати Ла Коруња

Реал Мадрид се врати во победнички ритам по шокантниот пораз во „Ел Класико“ од Барселона, и славеше убедлив триумф над Депортиво Ла Коруња на „Риазор“ со 2-6. Уште по педесетина секунди, Алваро Мората го постигна првиот гол, по асистенцијата на Иско. Хамес Родригез во 14.минута постигна и втор гол за „кралевите“ и тоа беше најава за лесен триумф.

Андоне намали во 35.минута, но Лукас пред полувремето повторно ја удвои предноста на 1-3.

Во вториот дел, Хамес Родригез, Иско и Кашемиро стрелаа за Реал Мадрид, а Хоселу постигна втор погодок за домаќинот, за конечни 2-6 на „Риазор“.

Се вчитува...