„Кралевите“ се подготвуваат за ЛШ, a Барса го победи австралискиот „Ол-стар“ тим во пријателска (ВИДЕО)

Минатиот викенд завршија сите европски фудбалски првенства, а освен Реал Мадрид и Ливерпул кои се подготвуваат за финалето во ЛШ, фудбалерите на сите други великани се веќе со своите репрезентации подготвувајќи се за Лигата на нации.

Сепак, каталонска Барселона одлучи крајот на сезоната да го искористи за пријателски натпревар против „ол-стар“ тимот на австралиската лига. Каталонците натпреварот кој се играше на „Акор“ арената во Сиднеј го добија со 2-3.

Барселона поведе со 0-1 со голот на Усман Дембеле во 34. минута. Домаќините брзо стигнаа до пресврт (2-1) на стартот на второто полувреме со головите на Пископо во 47. и Траоре во 53. минута.

Адама Траоре во 71. и Ансу Фати во 77. минута донесоа победа за Барселона.

 

 

Се вчитува...