„Кралевите“ се во нокдаун, Челси прв поведе во Мадрид

Челси прв дојде во водство откако гостите од Лондон го изненадија Реал Мадрид наметнувајќи силно темпо од самиот почеток на првиот полуфинален натпревар од Лигата на Шампионите.

Тимо Вернер ја имаше првата стопроцентна шанса на мечот, Куртоа го запре неговиот обид, но голманот на Реал беше немоќен кога против себе го имаше Кристијан Пулишиќ. Американскиот репрезентативец втрча од позадина, успеа да го мине и Куртоа и на крајот ја смести топката во мрежата.

Многу значаен гол за Челси, „кралевите“ делуваат дека се во нокдаун, но ќе мора што поскоро да се разбудат доколку сакаат да се пласираат во големото финале од елитното европско натпреварување.

Се вчитува...