„Кралевите“ тргнуваат по дефанзивецот на Лајпциг

Шпанскиот гигант Реал Мадрид влегува во трката за ангажман на дефанзивецот на Лајпциг, Дајот Упамекано. Тренерот Зинедин Зидан смета дека тој би бил одлично решение за централните позиции во одбраната и своевиден наследник на капитенот Серхио Рамос кој влегува во зрели фудбалски години. „Кралевите“ се подготвени да платат 65 милиони евра за Упамекано, иако неговата отштетна клаузула е вредна 80 милиони евра.

Сепак, глобалната криза предизвикана од коронавирусот сигурно ќе влијае и на намалување на сумите за трансфери во периодот што следи. Спортскиот директор на Лајпциг, Маркус Кроше, призна и дека клубот ќе мора да размислува за продажба на дел од најдобрите фудбалери за да ја надмине оваа кризна состојба. Дајот Упамекано и Тимо Вернер се фудбалерите кои имаат неколку понуди за заминување од Лајпциг.

Се вчитува...