„Кралевите“ тргнуваат по француското чудо Мбапе

Монако игра фантастично оваа сезона во францускиот шампионат, а во полн сјај блесна најновиот мегаталент, 18-годишниот Килијан Мбапе. Во тандем со Радамел Фалкао неверојатно лесно ги тресе противничките мрежи, на 18 натпревари има постигнато седум гола и кон себе го сврте вниманието и на најголемите европски клубови. Реал Мадрид сериозно е заинтересиран да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ во летниот преоден рок, а Флорентино Перез, на барање на Зинедин Зидан, веќе има подготвено 70 милиони евра.

Зидан смета дека Мбапе би можел да биде новиот Бензема за „кралскиот клуб“, кој исто така како млад фудбалер од Лион пред осум години пристигна во Мадрид. Со Мбапе и со Бејл на крилните позиции, „кралскиот тим“ би делувал едноставно незадржливо. Сепак, засега Монако нема намера да го продава својот фудбалски дијамант, кој е производ на младинската школа на овој клуб. Останува да се види дали францускиот клуб ќе одолее на нападите на раковоството на Реал Мадрид.

Мбапе го привлекува и интересот на премиерлигашите Тотенхем и Манчестер сити, а неговата вредност на фудбалскиот пазар се проценува на 60 милиони евра.

Се вчитува...