„Кралевите“ убедливи против Леганес

Реал Мадрид го совлада Леганес со 3-0 во првиот меч од осминафиналето на Купот на Шпанија. Серхио Рамос во 44.минута од пенал го доведе „кралскиот тим“ во водство, Лукас Васкез зголеми на 2-0, а третиот погодок беше дело на младиот Винисиус.

Џирона и Атлетико Мадрид ремизираа 1-1, Хетафе го совлада Валјадолид со 1-0, Вилјареал и Еспањол одиграа 2-2.

Се вчитува...