„Кралевите“ убедливи со Басконија, ја продолжуваат битката за врвот со Барселона

Реал Мадрид славеше со 89-74 против Басконија во својот 18-ти натпревар од Евролигата сезонава.

„Кралевите“ победата ја најавија уште во првото полувреме кое го добија со предност од 15 поени разлика, 50-35, по што вториот дел беше само рутина за конечна победа.

Најефикасен во победата на Реал беше Гершон со 17 поени, дополнети и со осум скока, а го следеше Алберто со 15 постигнати поени. Во поразениот тим се издвои Болдвин со 16 поени.

Се вчитува...