„Кралевите“ ве канат на кампот „Campus Experience“ во Македонија

Македонија за првпат ќе има можност да биде домаќин на „Campus Experience“, кампот на Реал Мадрид фондација. Ова ќе биде ексклузивно овозможено од компанијата „Спорт Арена“, а кампот ќе се одржи од 11 до 15 јуни на терените на комплексот во Куќата на фудбалот.

Секое дете од 7 до 17 години ќе има можност да го доживее овој камп, да биде дел од „кралското семејство“, да се дружи и да ужива во фудбалските тајни под закрилата на тренерите на Реал Мадрид фондација. Можеби еден ден, на некого од нив и ќе му се исполни сонот, да стане врвен професионален фудбалер…

Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Герет Бејл, Дани Карвахал, како и Емилио Бутрагењо, ве канат на кампот „Campus Experience“ на Реал Мадрид фондацијата што ќе се одржи во Скопје ова лето.

Се вчитува...