„Кралевите“ влегоа во трката за Френки де Јонг

Младиот холандски фудбалер и член на Ајакс, Френки де Јонг, е еден од најпосакуваните фудбалери во Европа, по добрите игри што ги прикажува во дресот на гигантот од Амстердам. Во трката за негов ангажман, како што откриваат шпанските медиуми, влета и европскиот клупски првак Реал Мадрид. Тренерот Хулен Лопетеги посакува да го види одличниот играч за врска во својот тим, а претседателот Флорентино Перез ќе се потруди тоа да му го овозможи следното лето.

За Френки де Јонг од поодамна се интересира и Барселона, но и неколку други европски клубови. Манчестер јунајтед, Рома, Тотенхем и ПСЖ исто така се во редот на чекање за потписот на 21-годишниот фудбалер на Ајакс. Неговата вредност се проценува на околу 80 милиони евра, но засега Ајакс не сака ниту да слушне за негова продажба.

Се вчитува...