„Кралевите“ во мисија да го спречат осмото финале на клубови од иста држава во ЛШ

Манчестер Сити би можел да се соочи со Челси во осмото финале од Лигата на Шампиони во кое се среќаваат клубови од иста држава. Во изминатите години сме сведоци на неколку вакви финалиња, а едно од нив е и финалето меѓу два клубови кои беа од еден ист град, Реал и Атлетико од Мадрид.

До сега имало седум финалиња од една држава во УЕФА Лигата на шампионите, вклучувајќи ги двете мадридски дербиња. УЕФА открива дека конечниот пласман во домашното првенство нема никакво влијание врз конечните резултати. Од седумте финалиња, четири беа освоени од клубот кој што ја завршил сезоната на повисока позиција на табела во домашната лига, а три од клубот кој што завршил на пониска позиција. Челси е четврти во Премиер лигата, со 19 бода помалку од новоизбраниот шампион Манчестер Сити, кој веќе си го обезбеди своето место во финалето.

Фудбалските фанови досега се сеќаваат на финалињата во ЛШ меѓу Реал Мадрид – Валенсија, Милан – Јувентус, Манчестер Јунајтед – Челси, Баерн Минхен – Борусија Дортмунд, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид кои за две години двапати се сретнаа во големото финале на елитното првенство и Тотенхем – Ливерпул.

Дали и оваа година ќе гледаме уште едно големо финале меѓу два клуба од иста држава, останува да видиме вечерва од 21 часот, термин во кој Челси ќе биде домаќин на Реал Мадрид.

Се вчитува...