„Кралевите“ во второто полувреме го урнаа отпорот на Алавес (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше со 1-4 на гостувањето кај Депортиво Алавес на првиот натпревар во новата сезона во шпанската Ла лига.

По првото полувреме кое заврши без голови 0-0, „кралевите“ го урнаа отпорот на противникот во вториот дел откако од 48. до 62. минута постигнаа три гола, од кои два беа дело на Бензема и еден на Начо.

Домаќините успеаја да намалат преку Жозелу од пенал во 65. минута, додека конечните 1-4 ги постави Винициус Жуниор во 92. минута.

Се вчитува...