„Кралот“ Џејмс е втор најдобар тројкаш во историјата НБА плеј-офите (ФОТО)

Леброн Џејмс во тандем со Ентони Дејвис го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до првата победа во полуфиналето на Западната конференција против Хјустон и до израмнување на 1-1 во серијата. Тој имаше 28 поени и беше клучен во одбраната на триумфот откако неговиот тим пропушти и 21 поен предност.

Дуелот имаше историски димензии за Леброн Џејмс бидејќи со единствената тројка што ја постигна се проби на втората позиција на вечната листа најдобри тројкаши во НБА плеј-офот. Тој сега има вкупно 386 погодени удари за три, се одлепи од Реј Ален за една тројка, а далеку пред него на оваа листа е лидерот Стеф Кари кој има 470 погодени  удари од далечина.

 

Дополнително, Леброн на овој натпревар на кој порак 28 оени имаше и 11 скока, девет асистенции и две украдени топки  стана само вториот играч во Лигата по 1973-74 покрај Расел Вестбрук кој успеа да ги достигне ваквите бројки во плеј-оф натпревар.

 

Се вчитува...