„Кралот“ ја продолжи победничката низа на Лејкерс, Богдановиќ ја предводеше Атланта, „артилериско шоу во Вашингтон и Феникс (ВИДЕО)

Победничката низа на Лејкерс се продолжи на четири во низа откако изминатата вечер тимот од Лос Анџелес слаеше над Шарлот со 116-105. Леброн Џејмс го предводеше својот состав со 37 поени, 8 скока и 6 асистенции, Ламело Бол постигна 26 поени, 5 скока и 7 асистенции за гостите.

Богдан Богдановиќ по повредата полека го враќа сјајот на паркетот, а овој пат беше лидер на Атланта во победата над Оклахома со 116-93. Србинот натпреварот го заврши со 23 поени и 6 скока, додека исто толку поени додаде Тре Јанг. Гилгус-Александер беше прво име кај гостите со 19 поени.

Интересно беше и во „артилериското“ шоу во главниот град на САД каде Вашингтон славеше над Јута со 131-122. Бредли Бил го предводеше домаќинот со 43 поени и 5 асистенции, додека за гостите 42 поени и 6 асистенции забележа Донован Мичел.

Одлична претстава приредија и кошаркарите на Феникс и Минесота во Аризона каде гостите славеа со 119-123. Девин Букер беше прво име кај Феникс со 35 поени и 6 асистенции, додека Ентони Едвардс влезе во одбрано друштво како еден од најмладите играчи кој успеал да ја надмине границата на 40 постигнати поени, забележувајќи 42 пеони и 7 скока во победата на својот тим.

Се вчитува...