ФОТО НА ДЕНОТ: Кралот Кире и ракометните витези на Македонија

Ракометот беше и останува спорт број 1 во Македонија, откако нашиот национален тим воскресна на вечерашниот дуел со Данска, терајќи го на капитулација актуелниот светски и олимписки првак.

Најзаслужен е Кире Лазаров – човекот кој со години ја влечеше напред репрезентацијата како играч, а сега веќе во првиот меч потврди дека му претстои и блескава тренерска кариера. Тактички играта беше поставена беспрекорно, добро отворивме во почетните минути и без клучните оружја во нападот, а кога во игра влегоа и Лазаров, Миркуловски и Стоилов – почна и кошмарот на Јакобсен.

Ракометна перфекција од почеток до крај, на кралот Кире и ракометните витези на Македонија, кои ескресно го оставија зад себе разочарувачкиот настап во Египет, широко отворајќи си ги вратите кон ЕП 2021.

Се вчитува...