„Кралот на колена“ – Алкараз го детронизираше Новак Ѓоковиќ на Вимблдон

Феноменалниот Карлос Алкараз го детронизираше Новак Ѓоковиќ кој десет години немаше пораз на „Централниот терен“ на Вимблдон, откако во финалето во крајно интересен натпревар славеше со 3-2, по сетови 1-6, 7-6, 6-1, 3-6 и 6-4.

Во првиот сет Карлос Алкараз прв стигна до брејк-топка уште во првиот сервис гејм, но откако успеа Ѓоковиќ да ја спаси до крајот на му допушти на Шпанецот само еден гејм, и поведе со 1-0 освојувајќи го првиот сет со 6-1.

Вториот сет ни донесе вистинско финале како што доликува. Двајцата тенисери одиграа маестрален сет кој на крајот во тај-брејк му припадна (8-6) на Алкараз кој израмни на 1-1 и со тоа успеа да ја сопре серијата на Србинот од 15 тај-брејка во низа на гранд-слемите. Алкараз продолжи фуриозно во кој на убедлив начин славеше со 6-1 и поведе со 2-1 во сетови.

Во четвртиот сет Ѓоковиќ повторно почна лошо, но како одминуваше заигра далеку подобро и на крајот го освои со 6-3 и го одведе мечот во одлучувачкиот петти сет. Таму еден брејк беше доволен за освојување од 6-4 и прва вимблдонска титула за Алкараз.

Со оваа победа Алкараз го задржа првото место на АТП листата.

Се вчитува...