КРАЛОТ СИ Е КРАЛ: Ѓоковиќ го „збриша“ Алкараз за финале во Торино!

Феноменален меч на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на завршниот АТП Мастерс во Торино комплетно збришувајќи го најголемиот свој ривал во моментов Шпанецот Карлос Алкараз.

Ѓоковиќ на најдобар можен начин славеше во мечот кој се чекаше со големо нетрпение победувајќи го Алкараз за еден час и три минути со 6-3 и 6-2.

Најубавите моменти на натпреварот публиката во Торино ги виде во шестиот и во седмиот гем од вториот сет кога Алкараз имаше можност да се врати во игра, посебно за брејк при водство од 3-2 на Ѓоковиќ, но српскиот тенисер потврди зошто е најдобриот во историјата. Го освои шестиот гем за 4-2, а потоа направи и брејк со извонредни поени на сервис на Алкараз и на крај дојде до 6-2 во вториот сет и до експресна победа за час и половина игра.

Во утрешното финале на завршниот Мастер во Торино, Ѓоковиќ ќе игра против миленикот на домашната публика Италијанецот Јаник Синер.

Се вчитува...