ЛА Лејкерс славеа против Сан Антонио со 121-107 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата, запишувајќи на третата победа сезонава.
Леброн Џејмс на својот 36-ти роденден стана првиот кошаркар кој на 1000 натпревари по ред постигнал двоцифрен број поени. „Кралот“ натпреварот го заврши со 29 поени, дополнети и со по седум скока и асистенции. На спротивната страна Мареј заврши со 29 поени, а Дерозан запиша 23 поени.
На истиот меч, пак, Беки Хемон стана прва жена-тренер во НБА, седнувајќи на клупата на Сан Антонио откако Грег Попович беше исклучен во првото полувреме.
Хемон седна на клупата на Сан Антонио затоа што Грег Попович беше исклучен во првото полувреме, но дуело дефинитивно го одбележа Леброн, кого никој не можеше да го запре и тој го заврши дуелот со 26 поени, пет скокови и осум асистенции.
Богдан Богдановиќ имаше извонреден меч со 22 поени, со шест постигнати тројки, во победата на Бруклин од 141-145 проти Атланта.
Бостон славеше против Мемфис со 126-107, додека Мајами го победи Милвоки со 119-108. Далас неочекувано загуби од Шарлот со 99-118, а ЛА Клиперс славеа против Портланд со 128-105.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА