„Кралска легенда“: Рамос стигна до 100 гола за Реал Мадрид

Серхио Рамос уште еднаш го потврди статусот на легенда на Реал Мадрид, откако на вечерашниот дуел со Интер го постигна својот јубилеен 100. погодок во дресот на најтрофејниот европски клуб.

Неверојатна бројка ако се знае дека станува збор за дефанзивец, кој не само што беспрекорно ги изведува пеналите, туку и секогаш е максимално опасен при прекините. Впрочем, така стрелаше и вечерва откако одлично се снајде по корнерот од левата страна и со прецизен удар со глава го матираше Ханданович, негов 55. погодок постигнат со глава како член на Реал.

Интересно, Рамос не е најефикасниот дефанзивец во историјата на Реал, поранешниот капитен Фернандо Јеро е на врвот на оваа листа со 127 постигнати гола за „кралевите“.

Се вчитува...