„Кралска мајсторија“: Крос – Винисиус – ГОЛ (видео)

Реал Мадрид прв доаѓа во водство на дуелот против Ливерпул по одличната акција по која Винисиус го матираше својот сонародник Алисон Бекер.

„Кралевите“ го контролираат темпото на мечот, двата тима се мачат да создадат шанси, но домашниот состав успеа да ја искористи првата стопроцентна ситуација. Тони Крос испрати фантастично додавање од околу 50-ина метри, Винисиус маестрално втрча во простор и го мина пребавниот Нејт Филипс, пред во манир на голем стрелец да ја смести топката во мрежата на Ливерпул.

Се вчитува...