„Кралска“ понуда за Челси: Герет Бејл + 20 милиони евра за Нголо Канте

Шпанскиот гигант Реал Мадрид планира да го засили средниот ред со Нголо Канте. Дефанзивниот играч за врска на Челси е голема желба на тренерот Зинедин Зидан и претседателот Флорентино Перез ќе се обиде да му ја исполни иако јасно му стави до знаење дека претстојното лето нема да се трошат големи пари на засилувања.

Вредноста на Канте е околу 70 милиони евра, а Реал Мадрид планира да ја покрие со Герет Бејл. „Кралевите“ сакаат да се разделат со Велшанецот и му предлагаат да замине на „Стемфорд бриџ“, а би дополниле и уште 20 милиони евра за да го успеат да стигнат до потписот на Французинот.

Реал Мадрид и Барселона се во жестока битка за шамионската титула во Ла Лига. Двата клуба остварија убедливи победи на рестартот на сезоната во шпанскиот шампионат.

Се вчитува...