„Кралска“ понуда за Погба вредна 80 милиони евра

Шпанскиот гигант Реал Мадрид тргнува во офанзива за потписот на Пол Погба. Кокетирањето меѓу „кралскиот клуб“ и францускиот играч за врска трае неколку месеци, а тренерот Зинедин Зидан инсистира да биде доведен ова лето на „Сантијаго Бернабеу“.

Претседателот Флорентино Перез ќе испрати понуда од 80 милиони евра, но медиумите на Островот тврдат дека Манчестер Јунајтед нема да се согласи да го продаде за помалку од 100 милиони евра. Проблем секако ќе биде и висината на годишната плата на Погба која изнесува 13 милиони евра.

Најголем ривал на Реал Мадрид за потписот на Пол Погба е италијанскиот првак Јувентус кој сака да го врати во Торино, но во трката, според „Кориере дело спорт“, се вклучува и Интер. Тренерот Антонио Конте сака да го има Погба во средниот ред на „нероаѕурите“.

 

 

Се вчитува...