„Јави се, Хари, имаш писмо од Кралицата“

Селекторот и капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт и Хари Кејн се на новогодишната листа на Кралицата меѓу добитниците на ордени за особени постигнување за заедницата.

Саутгејт и Кејн признанијата ги добиваат за резултатите со англиската фудбалска репрезентација. Селекторот за тоа што го одведе националниот состав до полуфиналето на Светското првенство во Русија, а Кејн затоа што беше добитник на „Златната копачка“ како најдобар стрелец на шампонатот.

„Јас сум исклучително горд Англичанец, имав можност да ја претставувам мојата земја како играч повеќе од 50 пати, а сега сум селектор и тоа е апсолутна привилегија“ – изјави Саутгејт по информациите за наградата.

Кејн раскажа како тој и неговот семејство дознале за признанието. Свршеничката упорно му ѕвонела пред натпревар, што никогаш не се случувало.

„Крени ! Имаш писмо од Кралицата“ – му напишала во порака.

„Страсно ја сакам нашата земја, јас сум голем патриот и кого летово по враќањето во Англија видов како реагираше нацијата на нашиот успех бев пресреќен. Горд сум што ја обединивме државата“ – напиша Кејн.

 

 

Се вчитува...