Кошаркарите на Барселона останаа без тренер, откако шпанскиот стручњак Гримау го заврши својот престој на клупата на „Каталонците“.
Гримау ја напушти екипата после 84 меча, и во сезона во која не освои ниту еден трофеј. Тој го замени Шарунас Јасикевичиус, кој ја водеше Барса три сезони.
Барселона испадна во 1/4 финалето на Евролигата од Олимпијакос, а потоа во домашното првенство доживеа „метла“ од Реал Мадрид во полуфиналето на шпанскиот плеј-оф. Во Купот на Кралот во финалето е поразен од својот најголем ривал.
„Сакаме јавно да ја изразиме нашата благодарност до Роже Гримау за неговиот професионализам и посветеност додека седеше на клупата на Барселона. Палау Блауграна секогаш ќе биде негов дом “, се вели во краткото соопштение на Каталонците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА