Кратовци пред огромна шанса за продолжено европско лето: Дрита е противник по мерка

Кратовски Силекс ја носи фаворитската улога против Дрита од Гњилане во 2. квалификациско коло во Лигата на Европа.

Свесни се во таборот на македонскиот прволигаш дека имаат одлична шанса вечерва од 20 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје да се изборат за место во следната рунда европски натпревари.

„Не очекува тежок натпревар. Колку немавме среќа со Карабах во ЛШ, толку сега ни се насмевна среќата бидејќи извлековме тим со кој можеме да играме. „Тодор Проески“ и за нас е гостински терен бидејќи ние играме во Кратово. Очекувам неизвесен натпревар кој може да трае повеќе од 90 минути. Моето прво правило е да дадеме максимум, па потоа нека победи подобриот“ – вели Симов.

„Здравствениот билтен е добар, Има неколку фудбалери кои се ровити, но ќе бидат подготвени за мечот. Гроздановски и Ѓоргиев имаат мали повреди, но се надевам дека ќе бидат подготвени за денешниот натпревар“ – заврши Симов.

Се вчитува...