Крауч: Роналдо пред секој меч застанува гол пред огледало повторувајќи си колку е убав!

Како никогаш досега во историјата во фудбалот повеќе од една деценија трае отворен индивидуален ривалитет меѓу двајца фудбалери. Љубителите на фудбалот веќе сo години се сведоци на „пресметката“ меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Па, на таа тема секогаш се присутни бројни коментари. Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Питер Крауч, ја шокираше јавноста во Англија со приказните за Роналдо и за тоа како се подготвувал за натпревар додека играл во Манчестер јунајтед.

Крауч истакна дека Рио Фердинанд често му зборувал за Роналдо и околу тоа како Португалецот се однесува во соблекувална. Според неговите зборови, Роналдо сакал да си стои пред огледало пред секој натпревар… Често тоа го правел и потполно гол.

„Фердинанд ни раскажуваше како Роналдо ќе застанел гол пред огледало, со рака ќе минувал низ косата и постојано си зборувал: ‘О, па јас сум преубав’. Останатите играчи на Јунајтед се обидувале да се шегуваат дофрлувајќи му: ‘Како и да е, Меси и натаму е подобар фудбалер од тебе“ – вели Крауч, и дополнува:

„Но, Роналдо не обрнувал многу внимание на нивните дофрлања, и веднаш одговорал: ‘Ах, да. Но Меси не изгледа вака добро како јас’. Е, тоа е таа приказна за Роналдо. Барем Фердинанд така ми раскажуваше, но верувам дека е се вистина“.

Се вчитува...