Кречмар потврди: Криштопанс во Фуксе Берлин!

Даинис Криштопанс и дефинитивно си замина од Вардар, откако денеска ја официјализираше преселбата во бундеслигашот Фуксе Берлин.

Информацијата прв ја објави легендарниот германски ракометар, Штефан Кречмар, сега менаџер на Фуксе Берлин, со објава „Добредојде Даинис“, по што веднаш супер-трансферот беше официјализиран од страна на самиот клуб.

Како што веќе објавивме, Криштопанс одбиваше да тренира со Вардар по дуелот со Кил, по неисплатените плати во изминатиот период. Лажните ветувања веќе не вродуваа со плод, Летонецот инсистираше на заминување, а на крајот беше договорен трансфер во Фуксе Берлин до крајот на сезонава.

Неговото заминување од клубот доаѓа во најлош момент, пред дуелот со Мотор кој е исклучително важен во борбата за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Како што е веќе познато, Криштопанс на крајот од сезонава ќе замине во дрим-тимот на ПСЖ, трансфер што беше договорен пред повеќе од една година.

Се вчитува...