Крејчикова е сензационална шампионка на Ролан Гарос

Барбора Крејчикова е сензационална победничка на овогодинешното издание на Ролан Гарос, откако во денешното финале младата чешка тенисерка славеше над Русинката Пављученкова со 2-1 во сетови. Крејчикова воопшто не беше носителка на овој гранслем турнир, но во изминатите две седмици прикажа врвен тенис, кулминирајќи со беспрекорни поени во клучните моменти од финалето.

Таа одигра импресивно во првиот сет, во кој Пављученкова направи брејк за 0-1, по што следеа шест гејма во низа за Крејчикова и победа од 6-1. Русинката возврати добивајќи го вториот сет со 2-6, но во решавачкиот дел од мечот лчешката тенисерка беше на висина на задачата, триумфирајќи со 6-4 за својот прв гранслем турнир во кариерата.

Ова е само втор трофеј во професионалната кариера на Крејчикова, која првиот пехар го мина на ВТА 250 турнирот во Стразбур минатиот месец.

Се вчитува...