Крејчикова и Синијакова донесоа нов златен медал за Чешка

Чешките тенисерки Барбора Крејчикова и Катерина Синијакова го освоија златниот медал на Олимписките игри во Токио откако во финалето на дубл турнирот славеа над Швајцарките Белинда Бенчиќ и Викторија Голубиќ со 2-0 (7-5, 6-1).

Чехињите беа фаворити за освојување на златниот медал и таа улога ја потврдија денеска. Парот кој што неодамна го освои Ролан Гарос клучната предност ја направи со брејкот при 5-5 во првиот сет, а до крајот загуби само еден гем со што го обезбеди четвртиот златен медал за Чешка на Игрите во Токио.

Натпреварот за третото место им припадна на бразилските тенисерки Лора Пигоси и Луиса Стефани кои во мечот за третото место славеа со 2-1 (4-6, 6-4, 11-9) над Русинките Елена Веснина и Вероника Кудерметова.

Се вчитува...