Крејчикова, по долга битка, обезбеди финале со Пављученкова на Ролан Гарос

Чешката тенисерка Барбара Крејчикова се пласираше за првпат во кариерата во едно Грандслем финале, откако во второто полуфинале на Ролан Гарос по три часа и 20 минути игра успеа да ја победи Гркинката Марија Сакари со 7-5, 4-6 и 9-7.

Крејчикова во сабота за трофејот на Ролан Гарос ќе игра против Русинката Анастасија Пављученкова која претходно во текот на денот во два сета со 7-5 и 6-3 славеше против Словенката Тамара Зиданшек.

Се вчитува...