Крејчикова се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос

Барбора Крејчикова, 33-та тенисерка во светот, се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос. Во четвртфиналниот натпревар на стадионот „Филип Шатрије“, по 110 минути игра, таа ја победи младата американска тенисерка Кори Гоф со 7-6, 6-3.

Сигурно, младата Американка долго ќе жали за денешната укажана можност, бидејќи имаше сè во свои раце во почетниот сет, откако стигна до водство од 3-0. Сепак, работите брзо се променија па Барбора не дозволи изненадување и се врати во игра.

Крејчикова со денешната победа стигна до најдобриот гран слем резултат во нејзината кариера. Таа во полуфиналето ќе игра со победничката од мечот меѓу бранителот на титулата Ига Швјонтек и грчката тенисерка, Марија Сакари.

 

 

 

Се вчитува...